Според најновите статистички податоци на компанијата Canalys, глобалниот пазар на компјутери трет квартал по ред забележа пораст. Во споредба со третиот квартал на 2020 година, во текот на четвртото тримесечје е остварен раст од 13 проценти.
Овој раст најмногу се должи на зголемената побарувачка за време на празничниот период. Сепак, во споредба со истиот период во текот на четвртиот квартал на 2019 година, пазарот на компјутери забележа раст од 25 проценти.
Испораката за цела 2020 година оствари раст од 11% со испорачани 297 милиони уреди, а на ова најмногу влијаеше испораката од 235,1 милиони лаптопи и мобилни работни станици. Пазарот на десктоп компјутери минатата година имаше пад од 22 проценти во споредба со 2019 година (на 61,9 милиони уреди).
Lenovo повторно е лидер во индустријата со годишен раст на испораките од 29 проценти и вкупно испорачани 72,6 милиони компјутери. На второ место се наоѓа HP (7% раст и 67,6 испорачани PC уреди). Dell го забележа својот најдобар резултат во текот на четвртиот квартал со 15 милиони испорачани компјутери (вкупно 50,3 милиони на годишно ниво). Apple и Acer го заземаат четвртото и петтото место.