Витаминот Д, се чини, има многу позначаен ефект врз Ковид-19, отколку што претходно се веруваше.

Како што се развива пандемијата на Ковид-19, научниците доаѓаат до нови сознанија, бидејќи во меѓувреме се тестираат многу супстанции за да се види дали можат да го намалат ризикот од тежок облик на болеста или смрт кај заразените пациенти.

Меѓу широко истражените супстанци е витаминот Д, кој покажа дека го запира напредокот на болеста.

Ирански научници од Универзитетот во Табриз и Шахид Бехести спроведоа истражување во кое е откриено дека давањето витамин Д на пациенти заболени од Ковид-19, се чини, ја намалува смртноста од оваа болест и воспалителните маркери.

Неколку претходни студии укажуваа на позитивниот ефект на витаминот Д врз пациенти со Ковид-19.

Витаминот Д е микронутриент растворлив во масти, кој може да ја олесни работата на имунитетот кај луѓето. Поранешните студии ја покажаа потенцијалната поврзаност помеѓу недостатокот на витамин Д и тешиот облик на Ковид-19 кај пациентите.

Витаминот Д помага во регулирање на имунолошката функција благодарение на рецепторите кои се наоѓаат во разни вродени клетки на имунолошкиот систем. Витаминот Д, исто така, може да го сузбие адаптивниот имунолошки одговор во заболените белодробни епителни клетки и на тој начин да спречи оштетување на проинфламаторните агенси во овие клетки.

Витаминот Д игра и важна улога во заштитата против директно оштетување на воспалителните фактори, кои се ослободуваат за време на болестите предизвикани од вирусот.

Студијата спроведена од иранските научници е објавена на научниот репозиториум bioRxiv, што значи дека сè уште не е научно рецензирана, односно официјално објавена во некои од специјализираните научни списанија.

Иранскиот тим спроведе системско истражување од податоците достапни на PubMed, Web of Knowledge, Scopus, Embase, The Cochrane Library и Ovid се до 16. декември 2020 година.

Со анализата на податоците, научните дојдоа до податоци од три студии во кои се проучувала стапката на смртност и преживувањето на пациентите заболени од Ковид-19 и кои откриле значително пониска стапка на смртност кај пациентите со Ковид кои примале витамин Д во споредба со контролната група пациенти, кои не го примале овој витамин.

Понатаму, две од наведените три студии покажале и намалени изгледи за хоспитализација кај пациенти кои примале додаток во облик на витамин Д.