Астрономите и научниците од Европската јужна опсерваторија откриле дека една од далечните галаксии во вселената почнува да се гаси, што би можело да биде значајно откритие во разбирањето на универзумот и самиот живот на галаксиите.
Како што наведуваат Европската јужна опсерваторија, галаксиите умираат кога ќе престанат да формираат sвезди. Галаксијата што ја откриле ја губи својата моќ и „гориво“ со чија помош произведува sвезди. Од ESO верува дека истребувањето на галаксијата било предизвикано од судир со друга. Според наводите на ESO, новата галаксија формирана од судирот е позната под името ID2299.
„Ова е прв пат да забележиме типична масивна галаксија што формира sвезди во вселената и која ќе умре поради масовно исфрлање на гасови“, вели Анаграсија Пуглиси, водечки истражувач во новата студија.
Исфрлањето на гасот се случува со голема брзина и бидејќи галаксијата создава sвезди многу брзо, стотици пати побрзо од нашиот Млечен пат, преостанатиот гас ќе се потроши брзо.
„Бев воодушевен што открив таква извонредна галаксија. Исто така, бев убеден дека постојат одредени процеси што можат да нè научат како работат далечните галаксии и како всушност се одвива нивната еволуција”, рече Пуглиси.
Бидејќи галаксијата откриена од истражувачите преку ALMA системот е оддалечена 9 милијарди светлосни години, астрономите всушност снимиле настан за кој велат дека се случил во млада фаза во вселената, кога била стара „само“ 4,5 милијарди години.
Извор: Klix.ba