„Дарувај Крв“ е новата мобилна апликација наменета за сите оние што даруваат или сакаат да даруваат крв. Зад нејзината изработка стои активистот и програмер Горјан Јовановски, заедно со Александар Богдановски и Стефан Велковски, како и здружението на крводарители и поддржувачи на крводарителството „Крводарител“ – Скопје.
Во неа, секоја недела ќе се објавуваат крводарителски акции што се организираат низ Македонија од разни здруженија, за да може полесно да се биде во тек каде и кога може да се спаси живот.
Во моментов апликацијата е достапна само за Андроид телефони, но наскоро е најавено дека ќе проработи и на iOS. Во изработка е и втора верзија, каде секој ќе може да одберете која крвна група е и да добие нотификации кога ќе се бара таква крвна група во неговиот град.
„Да спасиме живот, да донираме крв! Преземи ја ДарувајКрв денес!“, велат од „Дарувај Крв“.
Поврзани артикли