Озлогласената површина помеѓу Флорида, Порторико и Бермудите е кошмар за капетаните и пилотите. Сега, велат, се движи и ја менува локацијата.
Многуте авиони и бродови што ги снемало во Бермудскиот Триаголник ја создадоа легендата за тоа дека таму постои некоја невидлива и непозната сила. Претпоставките се дека магнетни полиња се причината за чудните работи што се случуваат во овој дел од светот.
Работата е што океанското дно е направено од карпи што содржат многу магнетит, кој личи на железо. Магнетните полиња реагираат на високата концентрација на магнетит на океанското дно, реакција што предизвикува конфликт помеѓу двете сили. Често создава временски аномалии, а како резултат на тоа и проблеми во навигацијата.
Но, познато е дека магнетните полиња често ги менуваат своите позиции на Земјата, како и тектонските плочи, па и самите континенти, иако ние тоа не го забележуваме. Оттаму и заклучокот дека Бермудскиот Триаголник се движи.
Поврзани артикли