Социјалната мрежа Twitter соопшти дека итно и засекогаш го блокира профилот на претседателот на САД, Доналд Трамп.
Компанијата смета дека актуелниот претседател ги нарушил политиките на социјалната мрежа против величење на насилството и дека постои ризик тоа да се повтори. Според неа, одлуката да се блокира налогот е донесена поради „ужасните настани оваа недела“.
„По внимателна проверка на последните твитови од @realDonaldTrump, и контекстот околу нив, посебно како тие беа прифатени и интерпретирани на Twitter и надвор од него, ние засекогаш ја запираме работата на тој налог поради ризик од натамошно провоцирање насилство“, се вели во соопштението.
Понатаму, се додава дека „после ужасните настани неделава во среда, компанијата потенцираше дека нови нарушувања на правилата на Твитер може да станат причина за преземање вакви постапки“.
Компанијата исто така објави резултати од анализа на последните два твита на претседателот и реакциите што тие ги оставиле кај некој корисници, според која „пораките можат да станат причина насилничките чинови во Капитолот на САД на 6. јануари 2021 година да предизвикаат мобилизација кај разни публики и да бидат повторени… затоа е донесена одлука за итно и постојано укинување на услугата“.
Трамп праќаше десетици твитови секојдневно, а во текот на претседателството објави повеќе од 26.000 пораки испратени до своите над 88 милиони потписници.
After close review of recent Tweets from the @realDonaldTrump account and the context around them we have permanently suspended the account due to the risk of further incitement of violence.https://t.co/CBpE1I6j8Y
— Twitter Safety (@TwitterSafety) January 8, 2021
Претседателот веднап реагираше на одлуката на Twitter. Во соопштение по овој повод тој истакна дека мрежата сака да го замолчи. Изјави дека преговарал со други веб страни и вети „големи објави наскоро“, како и тоа дека работи на изградба на „наша платформа“.
„Twitter не е за слободата на говорот. Тие работат за промоција на платформата на радикалната левица и дозволуваат слободно изразување на некои од најзлите луѓе во светот“, истакна Трамп.
Соопшти и дека се обидел да го искористи официјалниот налог на претседателот на САД, но дека Twitter веднаш ги бришел и тие твитови. Подоцна беше блокиран и налогот на изборната кампања на Трамп.
Завчера, и Facebook го блокираше на неодредено време налогот на Трамп, а тоа го направија и други социјални платфирми како Snapchat, YouTube, Twitch и Reddit.
Твитер денеска објави дека отстранува налози чии сопственици шират содржини поврзани со радикалните десничарски групи како онаа на теориите на заговор QAnon. Некои од тие налози се на Мајкл Флин, поранешен советник на претседателот, и на адвокатот Синди Пауел. Од Twitter прецизираа дека овие налози продуцираат содржини кои можат да иницираат нови изблици на насилство.
Во нападот на Конгресот учествува и многу демонстранти кои носеа симболики на QАnon.