Информациите за Nokia 6.3 (или 6.4 во зависност од тоа за име ќе се одлучи компанијата) се појавуваат уште од мај минатата година. Се очекуваше дека ќе биде претставен кон крајот на 2020 година, но тоа не се случи. Сега, најавувачот OnLeaks објави рендери од телефонот, со тврдење дека ќе биде претставен пред април оваа година.
Nokia 6.3/6.4 изгледа слично како Nokia 6.2 моделот, а има засек во 6,45-инчниот екран. На задната страна се наоѓа кружен систем, каде што се сместени четири камери, додека LED блицот е издвоен надвор од модулот.
Изворот не објави детали за камерите, но претходните гласини сугерираат 13MP предна камера и 64MP главна, 12MP ултраширока, 2MP макро и 2MP длабочинска камера на задната страна.
Се споменува дека Nokia 6.3 ќе има Snapdragon 67x или Snapdragon 730 чипсет, а основниот модел ќе пристигне со 3 GB RAM и 64 GB простор за складирање. Исто така, се наведува цена од 249 евра.