Ако забележите дека вашиот телефон е бавен, обично тоа е првиот показател дека нешто со него не е во ред.
Но, ако покрај тоа и батеријата се празни брзо, а апликациите не работат исправно, најчесто тоа се трите знаци дека станува збор за присуство на злонамерен софтвер, смета Павел Мјасоједов, директор на руската компанија „Интелектуални резерви“.
„Овој софтвер доаѓа до мобилниот преку интернет или кабелска врска со друг компјутер, на пример, кога ќе го дадете телефонот во нерегистриран сервисен центар на поправка“, вели тој.
Хакерите на почетокот се обидуваат да продрат во телефонот со помош на програми кои не бараат многу за перформанс на уредот и полнење на батеријата.
На почеток, телефонот можеби нема да покажува знаци дека е хакиран, а единствен знак ќе будат известувањата во апликациите и на социјалните мрежи. Но, подоцна самиот телефон ќе почне да сигнализира дека нешто не е во ред. Ќе почнат прекини во неговото функционирање.
За да се заштитите, производителите препорачуваат инсталирање на апликации преземени само од безбедни извори и избегнување на поврзување со непознати компјутери.
Ако се сомневате дека мобилниот ви е хакиран, обратете се до корисничката служба на произведувачот или до продавачот на уредот.
Извор: B92.net