„Овие навики ги применувам цел мој живот, благодарение на нив никогаш не сум имал ниту кивавица“, вели онкологот Марк.

Како да избегнете болест и да бидете секогаш здрави? Прашање на кое што толку многу пати експертите се обиделе да го дадат вистинскиот одговор. Онкологот Марк за „Exsspres.com.uk“ решил да ги сподели своите правила кои што ги применува и поради кои што, како што вели тој, никогаш во својот живот не бил настинат.„Сигирен сум дека начинот на живот влијае врз нашето здравје. Секако, на некои работи не можеме да влијаеме, како што е на пример генетиката, но правилните избори многупати го одредуваат нашето здравје“, вели тој.

Ова се неговите 4 правила за здрав и долг живот: 

1. Јадете разновидна храна и внесувајте многу овошје и зеленчук

Во истражувањето кое што е објавено во Националната здравствена библиотека на САД, истражувана била медитеранската диета и нејзините ефекти на здравјето.Во истражувањето учествувале 1.507 испитаници, од кои што една група се хранела по принцип на медитеранска исхрана, додека пак другата јадела еднолични оброци.

Резултатите биле следни:

– Кај првата група забележан бил помал ризик од настанување карцином, срцеви заболувања, депресија и болести на мозокот, освен тоа луѓето имале повеќе енергија во текот на денот.

2. Вашата среќа нека ви биде приоритет

Малите ритуали кои што нè прават среќни ни помагаат да живееме подолго. Дури и истражувањата покажале дека среќните луѓе имаат 3.7 отсто помали шанси од прерана смрт. Друго истражување покажало дека среќните луѓе живеат и до 18 отсто подолго од оние кои што се помалку среќни. „Строго верувам дека важно е да правите работи кои што ве радуваат и да ги ставате вашите потреби на прво место. Тоа не е себично – така се чува здравјето“.

3. Умерено со алкохолот

Една или две чаши вино во текот на една седмица нема да го нарушат вашето здравје, но претераното консумирање алкохол ќе го направи тоа. Тоа е директно поврзано со болести на џигерот, срцето и панкреасот, како и со вкупниот ризик од прерана смрт.

 

4. Цигарите се строго забранети

Добро е познато дека чадот од цигарите им штети и на пушачите, но и на нивната околина. Чадот го разорува организмот и извлекува многу сериозни заболувања, вклучувајќи и канцер.