Младинскиот културен центар ја испрати годината со мултимедијална шестчасовна програма во живо под наслов „Чао 2020“. За колективното испраќање имаше малку поезија, малку готвење, 3ца стендап-комичари и богата музичка програма.
Настапија: Vlad Ilich, Дина Јашари, Суперхикс, Funk Shui, Културен центар 750 (Ана Голејшка и Иван Шопов), Висар Етеми, Fat Cacko & Fat Kitchen, Dope Kukjata, Marko Dejanović, Rush To Relax, Atheist Rap, DJ FITZ, Shock Troopers, Aleksandar Veliki, Stojche, Zulu 3.4 и Васко Атанасоски.
„Чао 2020“ се следеше во живо од студио МКЦ на социјалните мрежи на МКЦ и локалната телевизија Едо. Програмата ја проследи голем број на публика, не само од нашата земја. „Чао 2020“ одекна до Германија, Англија, Словенија, Србија, Хрватска, Италија и др.
Специјално снимените концерти ќе бидат објавени на Facebook на МКЦ во текот на оваа недела со овој редослед:
5.1.2021 – Rush to Relax / Zulu 3.4
6.1.2021 – Dina Jashari / Александар Велики
7.1.2021 – Atheist Rap / Shock Troopers
8.1.2021 – Dope Kukjata / Funk Shui
9.1.2021 – Суперхикс / DJ Fitz
10.1.2021 – Васко Атанасоски / Stojche
Поврзани артикли