Само во Германија, компанијата ќе гради 750 нови терминали
Германскиот производител Volkswagen се подготвува сериозно да го зголеми бројот на своите станици за полнење за електрични автомобили. Во моментов има околу 1.200 во Германија, а во 2021 година компанијата ќе изгради најмалку уште 750, велат од Волфсбург.
Плановите на Volkswagen одат и подалеку, а тоа е инсталација на 4.000 станици за полнење во објектите на брендот до 2025 година, од кои повеќето ќе бидат јавно достапни. Станува збор за уреди кои работат со наизменична струја со 11 kW, еднонасочна со 22 kW, како и „брзи“ терминали со моќност до 300 kW.
„Ако сакаме брзо да ги распространиме електричните автомобили, ни треба значително зголемување на бројот на станици за полнење во Германија и во Европа. Од оваа причина, сите големи играчи на пазарот мора да ги насочат своите напори во оваа насока“, вели еден од шефовите на компанијата, Томас Улбрих.
Во моментов Volkswagen за клиентите нуди модули на компанијата Elli, кои се поставуваат на ѕид. „Домашните терминали“ се чекаат најмалку 2 недели, а нивната цена е од 600 до 850 евра, во зависност од моделот. Во исто време, компанијата е вклучена во развојот на мрежите на Ionity во Европа, Electrify America во САД и CAMS во Кина.
Во последните 12 месеци, Volkswagen регистрирал повеќе од 50.000 полнења на своите терминали. Компанијата го обврза секој дилер на марката да има барем една станица за полнење со 11 или 22 kW во својот комплекс.
Извор: Додај Гас