Xiaomi кон крајот на декемвбри го официјализираше Mi 11 смартфонот, а телефонот веќе постигнува одлични резултати во првите денови од продажбата. Според гласините што се појавуваат на социјалната мрежа Weibo, во подготовка е и моделот Mi 11 Pro.
Ова би имало смисла, со оглед на тоа што минатата година ги добивме моделите Mi 10 / Mi 10 Pro. Xiaomi Mi 11 Pro наводно се појави на фотографија, а прикажан е во сина и сребрена варијанта.
Најзабележлива разлика е целосно различниот дизајн на системот за камери на задната страна во споредба со она што го видовме на моделот Mi 11 моделот. Mi 11 Pro има четири камери, од кои едната е перископ зум камера. Натписот „120x“ ја сугерира опцијата за дигитално зумирање.
Остатокот од информации од камера модулот укажува на тоа дека ултра-широката камера има фокусна далечина од 12мм, додека перископ камера оди до 120мм.
Фотографија од предниот дел на Xiaomi Mi 11 Pro не е достапна, но гласините сугерираат дека уредот ќе има 6,81-инчен екран со резолуција од 1440 x 3200p, стапка на освежување од 120Hz и позадинско осветлување од 1500 нита. Секако, уредот ќе го покренува најновиот Snapdragon 888 чипсет, присутен и кај стандардниот Mi 11 модел.
Поврзани артикли