Како што се приближува крајот на 2020 година, остануваме со најтоплата забележана декада и една од трите најтопли години измерени досега, покажуваат податоците на Светската метеоролошка организација (СМО).
И покрај развојот на студената фаза на крајот на годината, што влијае на намалување на просечната глобална температура, остатокот од светот продолжи да биде потопол од вообичаеното и просечната глобална температура во 2020 година ќе биде за околу 1,2 степен Целзиусов повисока отколку во прединдустрискиот период.
Според податоците на Светската метеоролошка организација, она што денес можеме со сигурност да го кажеме е дека периодот е 2011-2020 година е најтоплата деценија откако се направени мерења на температурата, но исто така и дека последните шест години се всушност најтоплите шест години досега.
Температурата на океанот, исто така, го достигна највисокото ниво оваа година, а топлотен бран е регистриран во повеќе од 80 отсто од океанот, што негативно влијаеше на целокупните екосистеми и подводниот живот, пренесува Клима 101.
За жал, поради зголемувањето на глобалната температура, имаше бројни други негативни последици, а глечерите и морскиот мраз продолжија да се топат, со што придонесоа за покачување на нивото на морето, а температурите на Арктикот беа дури пет степени Целзиусови над просекот. Рекордно висока температура од дури 38 степен Целзиусов беше измерена во Сибир во мај, со голем број на топли бранови што го погодија овој инаку студен регион.
Ниту еден дел од светот не остана имун на ефектите од климатските промени во текот на 2020 година – големите шумски пожари ги зафатија Калифорнија, Амазон, Австралија, Азија и Африка и многу земји се соочија со рекордна сезона на урагани во Атлантикот на крајот на годината. Сите горенаведени промени влијаат на милиони луѓе, предизвикувајќи миграции, но и повреди и смрт на голем број луѓе.
Како што појаснува Светската метеоролошка организација, мерките за спречување на ширење на коронавирусна инфекција не се најдобриот начин за ублажување на климатските промени, а всушност климатските промени во 2020 година дополнително ги ослабнаа системите кои веќе се слаби поради борбата против пандемијата.
Она што е важно, сепак, е дека воведените мерки се добра почетна точка за земјите да ги стават своите економии на поодржлив пат, што треба да се направи што е можно побрзо, за да можеме да ги исполниме целите на Парискиот договор.
Информациите за тоа дали 2020 година ќе го собори рекордот од 2016 година и ќе стане најтопла година што сме ја забележале досега, ќе бидат достапни на почетокот на следната година, откако ќе се соберат податоците за сите релевантни бази на податоци што ја следат просечната глобална температур