Националната библиотека во Австралија меѓу колекцијата лични работи на писателот Бенџоа Патерсон открила кутија чоколадо стара 120 години, која што за чудо можела да се јаде.
Австралиските конзерватори откриле чоколадо во лимена кутија кое што им било давано на војниците за време на Бурската војна.
Скоро 120 години подоцна чоколадото било речиси недопрено на општо изненадување на експертите.
„Го почувствувавме интересниот мирис додека ја отворавме кутијата. Потоа сфативме дека станува збор за чоколадо замотано и ставено во кутија“, изјавила Џенифер Тод.
Инаку, чоколадото и лимената кутија ги нарачала кралицата Викторија за војниците кои што се бореле во Бурската војна. На секоја од нив биле напишани зборовите: „Јужна Африка 1900. Ви посакувам среќна Нова година, Викторија РИ“.
Произведувачот на чоколадото „Кедбери“ добил нарачка за производство на околу 35 тони чоколадо за војниците кои што кралицата директно ги платила.