Со оглед на тоа што сè уште е релативно непозната, 5G мрежата и понатаму е предмет на многубројни расправи и теории на заговор.
Сепак, Државната управа за воздухопловство на САД, како и тамошното Министерство за сообраќај упатило јавен апел токму од стручна гледна точка.
Имено, овие институции побарале привремено да се стопира воведувањето на 5G мрежата во САД, додека не се спроведе истрага за тоа како е можно таа да влијае на воздушниот сообраќај.
Како што објасниле, фреквентниот опсег на 5G мрежата е многу блиску до фреквенциите кои што се користат за навигација на авионите, а тоа би можело да доведе до разорни несреќи.
Тие исто така наведуваат дека една од потенцијалните последици секако би била и пад на авионите, па со самото тоа и човечки жртви.
Имплементацијата на 5G мрежата во САД би значело дека таа би работела во спектар од 3.7 до 3.98 GHz. Соседниот спектар од 4.2 до 4.4 GHz веќе неколку децении се користи за работата на висиномерите, односно радарските уреди во авионите кои што ја мерат висината, пренесува „Defense News“.
Поради тоа, експертите сметаат дека би требало да се воспостави темелно истражување пред да се продолжи со воведувањето на 5G мрежата.
Од друга страна, Сојузната комисија за комуникации во САД не го дели ова мислење – тие тврдат дека растојанието меѓу овие две делувања е доволно и дека не би требало да има никакви проблеми.
Извор: B92.net
Поврзани артикли