„Кога ќе помислам на брзината на научниот напредок во 2020 година, јас сум восхитен“, напишал Гејтс на својот блог.
Основачот на компанијата „Мајкрософт“ и американски милијардер Бил Гејтс, изјави дека оваа година ќе биде ужасна, но смета дека ни пристигнуваат убави вести во 2021 година која што е на само неколку денови од нас.
„Повеќе од 1.6 милиони луѓе починаа во текот на пандемијата на коронавирусот, над 75 милиони се заразени, а економските штети се огромни. Милиони луѓе останаа без работа и имаат големи проблеми да си ги платат сметките, а повеќе од милијарда деца го пропушта клучното време на училиште за да стекнат образование“, изјавил Гејтс.
Меѓутоа, тврди дека работите ќе се подобрат во 2021 година:
„Сепак во наредната година ни пристигнуваат убави вести. Поминав поголем дел од 2020 година со колегите во фондацијата, а тие истражуваа како да се третира Ковид-19. Кога ќе помислам на брзината на научниот напредок во 2020 година, јас сум восхитен. Човечката раса никогаш не направила толку голем напредок кога станува збор за лечење на било каква болест за една година, но тоа светот го направи со Ковид-19“, објаснил Гејтс.
„Во нормални околности правењето на вакцината може да трае и до 10 години. Овојпат повеќе вакцини за коронавирус направени се за помалку од една година“, додал тој.
Гејтс сепак смета дека и покрај овој напредок, на луѓето и понатаму им се заканува коронавирусот.
„Компјутерските модели предвидуваат дека пандемијата би можела да биде и многу полоша во наредните месеци. Исто така мора да научиме и многу работи за новиот сој на коронавирус кој што се појави, а кој што се шири многу побрзо“, заклучил Гејтс.
Поврзани артикли