Бионичките војници досега беа поим од научната фантастика, но наскоро би можело да се појават на боиштата ширум светот.
Поточно, војници кои имаат напредна технологија во себе со која не чувствува болка, имаат натчовечки способности и микрочипови, наскоро би можеле да станат дел од редовните француски воени сили.
Имено, Етичкиот комитет на Министерството за одбрана на Франција даде зелено светло за развој на такви технолошки и биотехнолошки можности.
Францускиот комитет ги прогласи за „клучни при борба“, а во образложението на одлуката тие наведоа и дека инсталирањето микрочипови кај војниците, со што постепено ќе се ослободуваат седативи, ќе ги направи војниците отпорни на болка, стрес и умор.
Микрочиповите може да одат и чекор понатаму, па на војниците да им овозможуваат „поврзување“ со ситеми за вооружување, навигацијам а можеби и со комуникациски системи. Француската војска дури размислува и за стварање протетички додатоци за на војниците да им овозможи напредни физички, когнитивни и психолошки способности.
Сепак, тоа не значи дека француските војници ќе станат бесчувствителни роботи и воени машини. Според планот на одборот, војниците покрај сите унапредувања треба да ги почитуваат воените и хуманитарните правила.
Француската министерка за одбрана. Флоренс Парли, истакна дека не очекува дека бионичките војници ќе станат стварност во француската војска во блиска иднина, но додава дека нужно е да се створат предуслови за користење таква технологија и биотехнологија во француската војска.