Компанијата Epic Games објави таканаречен Performance Mode што ќе му овозможи на Fortnite да работи подобро на постарите компјутери.
Новиот режим е достапен денес и ви овозможува значително да ги подобрите перформансите на играта со намалување на визуелниот квалитет за да се намали користењето на меморијата и оптоварувањето на CPU и GPU процесорите.
Ова значи дека играта ќе изгледа малку полошо графички, но ќе работи подобро. Исто така, Epic им дозволи на играчите да ги отстрануваат текстурите со висока резолуција од инсталацијата на играта, што ќе заштеди простор на хард дискот.
Оттаму тврдат дека новиот режим ќе донесе подобрувања на frame rate кај постарите компјутери, а ќе може да се користи во Battle Royale и во Creative.Конечно ќе може да се игра Fortnite во 720p резолуција со 60 fps, дури и на стар лаптоп.
Извор: Klix.ba