Има површина од само 0.3 х 0.3 милиметри и е 10 пати помал од претходниот најмал IBM компјутер.
На фотографијата која што ја гледате, белиот предмет од левата страна е многупати зголемено зрно ориз. Додека пак, предметот кој што се наоѓа од неговата десна страна е најмалиот компјутер на светот!
Оваа навистина минијатурна справа е дело на компјутерските инженери од Универзитетот во Мичиген, а истата настанала пред две години.
Има површина од само 0.3 х 0.3 милиметри и е 10 пати помала од претходно најмалиот IBM компјутер со димензии од 1 х 1 милиметар.
Примената на овој уред најмногу би требала да се спроведе во медицината каде што ќе може да се користи за следење и мерење на различни процеси во човековото тело.
На пример, ќе може да се користат и за следење на развојот на клетките рак, како и за следење на најразновидни биолошки и биохемиски микро-процеси.
Извор: Telegraf.rs