Xiaomi го претстави новиот паметен часовник, под името Mi Watch Lite, кој е заснован на Redmi Watch моделот претставен во Кина минатиот месец.
Mi Watch Lite има 1.4-екран во боја, кој е осетлив на опир и има 320 x 320p резолуција. Дисплејот има автоматско подесување на осветлувањето и густина на пиксели од 323 ppi. Паметниот часовник поддржува над 120 позадини.
Најновиот часовник на Xiaomi пристигнува со автоматски бројач на чекори и поддржува 11 модови на вежбање, вклучувајќи ги Outdoor Running, Outdoor Cycling, Indoor Cycling, Treadmill, Open Water Swimming, Pool Swimming, Freestyle, Cricket, Trekking, Trail Run и Walking.
Покрај ова, уредот има опција за следење на спиењето, работата на срцето и наводното дишење, што би требало да помогне при намалувањето на нивото на стрес. Остатокот од функции вклучуваат известувања за дојдовен повик, SMS пораки и апликации, контрола на музика, phone finder и друго. Xiaomi Mi Watch Lite има и поддршка за GPS, а тука се и GLONASS Barometer.
Паметниот часовник го напојува 230mAh батерија, која нуди автономија до девет дена со една полнење, а кога ќе се испразни, може да се наполни до врз за два часа.
Mi Watch Lite пристигнува во Pink, Ivory, Black, Navy Blue и Olive варијанти. Цената на и достапноста на паметниот часовник не се објавени.