Од компанијата HMD се очекува да претстави неколку нови телефони, вклучувајќи го и премиум Nokia 9.3 модел, како и достапниот Nokia 5.4 модел од средниот сегмент. Меѓутоа, изгледа дека на повидок е уште еден уред – телефон со Android Go оперативниот систем ќе биде претставен наскоро.
Објавата на смартфонот ќе биде одржана на 15. декември во Кина, а Nokia ова го објави на својата Weibo страница.
Иако не е познато што конкретно можеме да очекуваме од Nokia, се знае дека ова ќе биде првиот уред на компанијата со Android Go софтвер во Кина. Досега најевтините достапни телефони Nokia 3.1 Plus и Nokia C3 го користеа стандардниот Android 10.