Кризата со Ковид-19 го зголеми проток на сообраќај и користење на интернет поради што, уште во март 2020 година, Телото на европските регулатори за електронски комуникации (БЕРЕК) воспостави посебен механизам за известување за да обезбеди редовно следење на состојбата со сообраќајот на Интернет во секоја земја-членка на ЕУ, но и во земјите кандидати, за да може брзо да одговори на проблемите со капацитетот.
„Фиксните и безжичните мрежи се неопходна инфраструктура во Европа, уште повеќе во услови на криза. Затоа, дезинформациите во врска со електромагнетните полиња (ЕМП) и 5G може да дејствуваат како бариера за навременото ширење на 5G мрежите, смета Дан Сјеблом, претседател на БЕРЕК.
Новата 5G мрежа е еден од стратешките приоритети на БЕРЕК што е утврдено и во стратегијата за 2021 – 2025 година. Улогата на Телото во развојот на 5G е во насока на поттикнување добра конкуренција, соработка и унапредување на поврзаноста.
И Мајкл Ван Белинген, кој ќе биде претседател на БЕРЕК идната година, смета дека 5G ќе даде можност за дигитална поврзаност и ќе биде главен двигател на економскиот раст.
„5G се очекува да создаде екосистем за техничка и деловна иновација со вклучување на вертикални пазари и широк спектар на дигитални услуги, како што е фиксен безжичен пристап“, изјави Ван Белинген.
И нашата земја ги започна подготовките за изградба на 5G мрежа. Агенцијата за електронски комуникации веќе распиша меѓународен тендер за избор на компанија која ќе изработи научна студија за влијанието на зрачењата од телекомуникациските уреди и технологии (4G, 5G) врз здравјето на луѓето и околината. Студијата се очекува да даде и препорака за употреба и изградба на постојната и идната 5G мобилна мрежа, каде да се изгради, растојание меѓу нив, како и проценка на ризикот по здравјето како резултат на изложеност на EMF во различни микросредини. Согласно стратегијата за развој на 5G мрежата, се планира до 2023 година еден голем град во земјата да биде опфатен со 5G мрежа.
„Нашата земја целосно ги следи европските стандарди врзани за изградба на 5G мрежата и ќе го следиме текот на практики на земјите од ЕУ. Во таа насока, направени сеизмени на Законот за електронски комуникации кои наскоро ќе се најдат во собраниска процедура, со што ќе бидеме и првата земја што ќе го усогласи своето законодавство од областа на сајбер безбедноста со препораките на Европската комисија“, вели Сашо Димитријоски, директор на АЕК кој е и е заменик претседател на БЕРЕК.
Тело на европските регулатори за електронски комуникации – БЕРЕК има основна цел да обезбединезависна, конзистентна, квалитетна примена наевропската регулаторна рамка за пазарите на електронскикомуникации во корист на Европа и нејзините граѓани.
Поврзани артикли