Пред објавата, сајтот MySmartPrice ги објави спецификациите на претстојниот Nokia 5.4 телефон од средниот сегмент. Уредот го покренува Snapdragon 662 процесор и има 4000mAh батерија.
Досега се појавија доста вести и протечени информации за овој смартфон на Nokia, а сега целосните детали ги обезбеди дојавувачот Sudhanshu Ambhore.
Од предната страна, Nokia 5.4 има 6.39-инчен HD+ IPS LCD панел, со 720 x 1520p резолуција. Димензиите на уредот изнесуваат 160,97 x 75,99 x 8,70 мм и тежок е 182 грама. Ќе биде достапен во сина и виолетова варијанта.
Телефонот го покренува споменатиот Qualcomm Snapdragon 662 чипсет со осум јадра, во комбинација со 4GB RAM и 128GB простор за складирање (проширлив до 256GB преку microSD слот). Присутен е и dual SIM слот.
Кога се во прашање камерите, Nokia 5.4 поседува четири на задната страна, а ги сочинуваат 48MP главен, 5MP ултраширок, 2MP макро и 2MP сензор за длабочина. Од предната страна се наоѓа 16MP селфи камера.
Телефонот го напојува 4000mAh батерија, а полнењето се врши преку USB Type-C порт. Од стартот ќе биде достапна поддршка за Android 10, а на задната страна на уредот се наоѓа и сензор за отпечатоци од прсти.
Поврзани артикли