E-Ink склопи партнерство со компанијата Plastic Logic за со заеднички сили да го направат првиот панел заснован на Advanced Color ePaper (ACeP) технологија. Во прашање е органски Thin Film Transistor (oTFT) дисплеј кој во себе не содржи стакло, а покрај тоа е и многу лесен и мал потрошувач на енергија. E-Ink тврди дека таквите екрани се многу поотпорно, потенки и полесни од традиционалните „стаклени“ TFT екрани.
Ова ги прави овие дисплеи идеално решение за носечките уреди, па се очекува дека дизајнерите би можеле да ги употребат во своите производи или на облеката. Првиот панел од овој тип, на компанијата Plastic Logic го носи името Legio и има дијагонала од 2,1 инчи и резолуција 240 x 146 пиксели, а поддржува приказ до шест бои, вклучувајќи црна и бела. Овој дисплеј е заснован на Ultrachip UC8156 контролерот.
Сепак, употребата на oTFT екраните не е нова. Тие веќе некое време се користат на рекламините дисплеи, но таму нема потреба да бидат флексибилни. Но, токму оваа свитливост им отвара на oTFT екраните нови пазари, а лесно би можело да се случи и да станат дел од модната индустрија.