Кинеската научничка Ши Женгли, од Институтот за вирусологија во Вухан, предупреди дека во областите на југот и југоистокот на Кина, популацијата на лилјаци носат други типови на коронавирус, кои веќе можат да се пренесат на луѓето.
Таа оценила дека е можно опасните вируси веќе да циркулираат и надвор од границите на Кина, објави британски „Гардијан“.
„Мораме да ги побараме тие вируси и во другите земји во Азија, а не само во Кина“, предупредила Ши, која е позната под надимакот „жена лилјак“, затоа што се занимава со изучување на коронавирусот, кој го пренесуваат лилјаци.
Извор: Kurir.rs