Иако Ковид-19 го одложи демонтирањето, сега се се одвива со прилично добро темпо благодарение на импресивниот инженеринг.
За оние кои не знаат за што станува збор, контејнерскиот брод Golden Ray во септември се преврте крај брегот на американската држава Џорџија. Преживеаja сите 24 члена на екипажот, но бродот беше неповратно изгубен.
Во самиот брод во сопственост на Hyundai Glovis (логистичка компанија во сопственост на Hyundai), останаа заробени илјадници автомобили, воглавно од брендовите Kia и Hyundai, но има и многу Chevrolet Tahoe и Chevrolet Suburban.
Ковид-19 ги одложи плановите за демонтирање на бродот широк 32 метри со 20.995 тони носивост. Сега демонтажата е во полн ек, а сцените се неверојатни. Бродот кој се превртел поради неправилно товарење постепено се расклопува на делови кои, пак, се транспортираат на товарен брод за отпад. Почетокот на овој месец беше особено интересен бидејќи работниците имаа задача да го отсечат првото, огромно парче од трупот на бродот со ланец, откривајќи ги автомобилите во него.
Тимот кој стои зад операцијата за демонтирање користи брод за подигање Versabar VB-10000 со огромен жолт кран за двојно подигнување кој го подигнал MV Golden Ray од водата, овозможувајќи сечење. Versabar VB-10000 првично е произведен за да помогне во поправка на нафтени платформи оштетени од ураган уште во 2010 година.
Трупот на MV Golden Ray ќе биде исечен на осум парчиња, исечени вертикално од горе надолу, со тежина од 2.700 до 4.0100 тони. Крановите се огромни – секој од нив тежи над 38 тони и располага со 1000 КС. Импресивниот ланец кој го пресекува трупот на MV Golden Ray е долг 400 метри.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли