Многу производители зачекорија на територијата на креирање на десктоп режим за телефони, вклучувајќи ги Samsung и Huawei, со нивните DeX и Miracast решенија. Сега изгледа дека и Motorola е подготвена да овозможи декстоп мод за своите претстојни телефони.
Секако, за Motorola не е непозната територијата на десктоп мод за смартфони. Компанијата првпат ја претстави технологијата пред речиси десет години со Atrix 4G телефонот, која овозможи да го поврзете или приклучите уредот на лаптоп формат. Тоа решение беше малку гломазно и покажа дека во тој момент концептот бил преран за поширока примена.
Сега, меѓутоа, изгледа дека натовниот Motorola десктоп режим за уредите на компанијата повторно ќе заживее. Во текот на Qualcomm самитот, кратко видео прикажа уред на Motorola приклучен на засебен монитор, а укажува на прозорци со слободна форма и десктоп искуство.
Нараторот во видеото наведува дека Motorola ја зголемува можноста за „мултитаскинг на следно ниво во десктоп мод“… „овозможувајќи ви повнимателно да гледате содржини како видеа, уметнички дела и документи на поголем дисплеј“. Оваа многу кратка видео снимка ни дава увид во она што изгледа како целосен таскбар, лебдечи прозорци и on-screen глувче.
Секако, не би било чудно доколку Motorola оваа година претстави премиум телефон, кој во целост ќе го искористи овој десктоп режим во некој момент на 2021. година.