Дронот наречен Elios 2 прв пат влезе во петтиот реактор на нуклеарната централа во Чернобил по 33 години.
Дронот Elios 2 и припаѓа на компанијата Flyability, а негова задача била да изврши инспекција на една од најопасните и најнедостапните локации на светот. Се работи за нуклеарната електрана во Чернобил каде што се случи катастрофата во април 1986. година. Ова е прв пат да се врши проверка на петтиот реактор.
Во времето на катастрофата, петтиот блок на нуклеарната централа беше во завршна фаза на изградбата и поради тоа не е никогаш завршен, а не се ни знаело дали базените во петтиот реактор содржат шипки со осиромашено ураниумско гориво. Токму поради тоа, дронот Elios 2 влезе во реакторот и е востановено дека базените се празни, односно дека во реакторот нема нуклеарен отпад.
Дронот Elios 2 се користи за инспекција на нуклеарни централи. Леталото може да востанови колку време е потребно за гаснење на нуклеарната централа за да се изврши инспекција и клучните задачи на одржување. Мисијата во Чернобил беше тешка, бидејќи дронот мораше да прелета ѕид висок 70 метри, а ако дојдеше до губење на сигналот, дронот би бил изгубен.
Сепак, мисијата беше успешна, а она што го покажаа снимките и фотографиите од дронот беше причина за задоволство.