Човештвото се уште е далеку од туристички тури во вселената, но Елон Маск уште во ноември 2018. година најави летало, кое во иднина би требало да овозможува токму вакви летови. Во прашање е Starship, кој во претходните две години константно се развиваше и наскоро би требало да полета на 15 километри од површината на Земјата.
Маск уште во 2018. година на својот Twiiter профил објасни дека Starship се однесува на „spaceship/upper stage“ и дека леталото е освежено со Super Heavy систем, што е објаснување кое на многуте обични смртници не им значи многу. Поедноставно речено: Space X конструирал летало кое би требало да овозможи брзи летови до некоја точка во вселената. Тоа е чекор поблиску до туристичките летови во вселената, но и патувањата до Месечината и Марс.
Новиот лет би требало да ја покаже силата на три Raptor мотори, а планирано е да потрае само неколку минути. Во претходните летови од август и сепетември, леталото одеше до височина од 150 метри, а во таа прилика е користен само еден Raptor мотор.