Губењето на сетилото за мирис или вкус со сигурност е еден од симптомите на коронавирусот.
Коронавирусот зема сè поголем замав во светот, а исто така мора да споменеме дека има многу асимптоматски случаи, па така има и луѓе кои што го прележале вирусот, а тоа не го знаат. Овие симптоми тоа може да го докажат:
Течење на носот, болка во градите, затнат нос
Д-р Аткинсон тврди дека течењето на носот, болка во грлото и градите, затнат нос – би можеле да бидат благи симптоми на коронавирусот, меѓутоа многумина кои што ги имале овие симптоми едноставно ги препишале на настинка или пак некаква алергија.
Намалено или изгубено сетило за мирис и вкус
Губењето на сетилото за мирис или вкус секако дека е симптом на коронавирусот, а може да се појави заедно со течење на носот, болка во градите и грлото.
Доколку имате или пак сте имале намален апетит, тоа може да биде поради коронавирусот. Д-р Аткинсон вели дека телото кое што е нападнато од Ковид-19 не може да прима многу храна во него.
Губење на здив
Симптомите како кашлица, болка во градите и губење на здивот не се невообичаени за коронавирусот. Меѓутоа, кашлицата не мора нужно да се појави.
Умор
Доколку сте прележале коронавирус, а да не сте го знаеле тоа, не е чудно да сте уморни и да немате енергија затоа што вашето тело е исцрпено од борбата со вирусот.
Извор: Srbija Danas