Кинеските научници во покраината Шандунг пронашле фосилизиран трилобит кој што датира од пред 500 милиони години, пренесува кинеската новинска агенција Синхуа.
Трилобитот со должина од четири сантиметри наречен е „Phantaspis auratus“, а го карактеризира глава со продолжен преден дел со двоен шилест облик налик на уши од зајак, соопштил Институтот Нанџинг за геологија и палеонтологија при Кинеската академија на науките.
Chinese scientists have found a 4-cm-long fossilized trilobite with an unusual cephalic morphology dating back around 500 mln yrs in E China's Shandong. The discovery of the creature, named Phantaspis auritus, provides new insights for further research on Cambrian trilobites. pic.twitter.com/CcXFiRf1cv
— China Science (@ChinaScience) November 30, 2020
Трилобитите изумреле уште пред околу 520 милиони години.
„Првпат гледаме трилобит со толку чуден изглед. Необичниот облик на неговата глава може да помогне во ловот на храна или пак да ги збуни неговите природни непријатели“, изјавил истражувачот од Институтот, Жао Фанчен.
Инаку, ова истражување неодамна било објавено во научното списание „Acta Palaeontologica Polonica“.
Извор: B92.net