Една светлосна година изнесува 9,5 трилиони километри, па иако првично може да звучи како црната дупка да е близу, научниците истакнаа дека навистина нема причина за тревога во врска со новите пресмети.
Наместо пропаст, новото моделирање им овозможува на научниците да ја утврдат локацијата на Земјата во рамките на галаксијата до поголем степен на точност.
И додека 2020 година продолжува да се движи со огромна брзина, новата мапа ги навела астрономите да откријат и дека Земјата всушност кружи околу центарот на Млечниот Пат со 227 км / секунда, а не со помалата официјална брзина од 220 км / секунда.
Истражувачите сега се обидуваат да создадат подетални мапи за областа близу до централната супермасивна црна дупка, користејќи податоци од телескопи од Јапонија, Јужна Кореја и Кина.
Извор: Kurir.rs
Поврзани артикли