Голема студија направена во Канада нуди докази дека луѓето кои имаат нулта крвна група или се Rh-негативни, имаат помал ризик од заразување со коронавирус, јавува Ројтерс.
Од 225.556 Канаѓани тестирани за вирусот, оние со нулта крвна група имале 13% помал ризик од развој на тежок облик на ковид од оние со други крвни групи, наведува списанието „Anals of Internal Medisin“. Луѓето од која било крвна група, кои се Rh-негативни, исто така биле заштитени, особено ако имале нулта негативна крвна група.
Луѓето со ниско ниво на витамин Д се изложени на поголем ризик да заболат сериозно од Ковид-19, но од друга страна, високото ниво на витамин Д не го решава проблемот.Зголемувањето на нивото на витамин Д кај критично болни пациенти, имено, не го скратило престојот во болница, ниту пак ги намалило шансите да бидат префрлени на интензивна нега, илипак да бидат ставени на респиратор, утврдија лекарите во Бразил.
Научниците од Универзитетот во Пенсилванија и Универзитетот Виланова проучувале 1.409 пациенти кои имале домашна здравствена заштита, а скоро половина од нив биле помлади од 65 години.Кога биле отпуштени од болница, 80 проценти и понатака се жалеле дека остануваат без здив, повеќето пријавиле анксиозност или конфузија, а повеќе од 80 проценти биле во таква состојба што им требала помош при одење, облекување и капење. Но, по околу 32 дена домашна здравствена заштита, на 94 проценти повеќе не им била потребна помош.