Графиката во видео-игрите станува се подобра и пореалистична и на прв поглед може да ве збуни. Токму тоа се случи со информативна емисија од телевизија во Орегон каде кадрите од Red Dead Redemption 2 ги пуштија во прилог како да се дел од реална природа.
Извесна Бела Мегваер ја испратила фотографијата до телевизијата, по што била објавена како фотографија од пејзаж во рубриката “Out & About”.
Иако многумина се пошегуваа во врска со ова, не можеме да го обвиниме телевизискиот канал затоа што мора да се признае дека графиката во играта е навистина феноменална.
Да бидеме попрецизни, светот во Red Dead Redemption 2 е направен да претставува фиктивна верзија на Северна Америка, а иако локациите не се исти, сепак начинот на кој се прикажани е неверојатно реален.
Извор: B92.net
Поврзани артикли