Најновиот финансиски извештај на Xiaomi укажува на огромен успех на пазарот од 46,6 милиони испораки на паметни телефони и 7,2 милијарди долари приход од паметни телефони во периодот од 1. јули до 30. септември.
Бројот на испорачани телефони е поголем за 45,3% во споредба со истиот период од минатата година, а според глобалниот извештај за испорака на смартфони на компанијата Canalys, Xiaomi сега е третиот по големина бренд на паметни телефони во светот со 13,5 проценти удел на пазарот.
Вкупните приходи се искачија на 10,9 милијарди долари, што е за 34,5% повеќе од истиот период од минатата година. Нето добивката достигна 621 милиони долари. Просечната продажна цена (ASP) на телефоните на Xiaomi се искачи на 155 долари по уред, предводена од продажбата на водечките Mi телефони во третиот квартал од 2020-та година.
Приходите надвор од Кина се искачија на 6,03 милијарди долари, што е за 52,1% повеќе од претходната година. Приходите од AIoT се искачија на 2,7 милијарди долари, што е за 16,1 проценти повеќе од третиот квартал во 2019 година.