Motorola го претстави новиот смартфон Moto E7 кој ќе се продава во Европа.
Moto E7 пристигнува по претставувањето на моделот Moto E7 Plus, а двата модела се многу слични. На пазарот пристигнува поевтин модел кој чини помеѓу 110 и 120 евра.
Новиот смартфон има MediaTek Helio G25 процесор, 2 GB RAM и 32 GB интерна меморија. Го напојува батерија од 4.000 mAh. Батеријата трае и до 36 часа со едно полнење.
Е7 пристигнува со 6,5-инчен IPS LCD екран со резолуција 1.600х720 пиксели (формат 20:9), главна камера од 48 MP, макро камера од 2 MP и селфи камера од 5 MP.
На задната страна се наоѓа сензорот за отпечаток на прст.
Moto E7 на европскиот пазар пристигнува во декември, а наскоро ќе биде достапен и на другите пазари.
Извор: Klix.ba