Заедно со новaта објавена серија смартфони Redmi Note 9, Xiaomi го претстави и својот прв паметен часовник, едноставно наречен Redmi Watch. Тоа е правоаголен паметен часовник со вообичаениот сет на апликации за фитнес, отчукувања на срцето и следење на спиењето и сето тоа за супер достапна цена.
Redmi Watch има 1,4-инчен екран во резолуција 320 x 320 пиксели и 2,5D стакло. Можете да изберете помеѓу црна, бела и темносина боја за самиот часовник со соодветна силиконска лента, која исто така е достапна во виолетова и зелени опции.
Постојат повеќе од 120+ теми со кои можете да си играте со помош на апликацијата Mi Fit. Добивате и стандардна низа спортски режими за да бидете активни. Redmi Watch се спојува преку Bluetooth 5.0 BLE, а исто така доаѓа со NFC. Водоотпорен е на длабочина до 50 метри и тежок само 35 грама.
Траењето на батеријата се проценува на седум дена при нормална употреба и 12 дена кога е вклучен режимот на штедење на енергија.
Redmi Watch ќе се продава по цена од 45 долари, иако за нуди за 40 долари во ограничен временски рок. Продажбата во Кина почнува на 1. декември. Деталите за меѓународната достапност не се објавени. Новиот часовник би можел да се продава надвор од Кина како Xiaomi Mi Watch Lite, име кое пред некое време е забележано на FCC листинг.
Поврзани артикли