Германскиот вирусолог Кристијан Дростен предупреди на опасност од нов вирус што може да предизвика пандемија. Главниот вирусолог на берлинскиот „Черити“ изјави дека вирусот МЕРС-CoV, според него, е кандидат за следната пандемија.
Дростен за германскиот портал „Капитал“ изјави дека коронавирусот доби доволно внимание од науката и дека во врска со него се прави сè. Затоа тој има намера да формира мала работна група посветена на новиот вирус.
Вирусот МЕРС (средноисточен респираторен синдром) спаѓа во групата коронавируси и првпат се појави во 2012 година на Арапскиот Полуостров.
Како и короната, и МЕРС предизвикува инфекции на дишните патишта поради што Светската здравствена организација го наведе вирусот меѓу приоритетните болести на кои се посветува големо внимание.