Соборен е рекордот за најплатена видео-игра во историјата – еден купувач беше подготвен да издвои 156.000 долари, и тоа за Super Mario Bros. 3.
Оваа видео-игра чинеше толку бидејќи никогаш не била отворена, односно никогаш не била извадена од оригиналното пакување.
Исто така, во прашање е примерок од првата серија, па и изгледа поинаку од сите останати кои подоцна се создадени, пренесува IGN.
Heritage Auctions revealed it sold a sealed copy of the 1990 NES game Super Mario Bros. 3, yesterday, for a record breaking $156,000… The lot opened bidding at $62,500 and 20 bidders battled it out, to the final price… pic.twitter.com/0noPt5DWP6
— Diztructor (@Diztructor) November 21, 2020
Сајтот Heritage Auctions претходно продаде уште еден еден примерок од оваа видео-игра, и тоа за 38.400 долари, а претходниот рекорд за најскапа видео-игра изнесуваше 114.000 долари.