Кина синоќа лансираше ракета со робот за да собере примероци од камења од Месечината.
Ракетата наречена Long mart -5 беше лансирана синоќа по локално време од островот Хаинан.
Мисијата Chang’e-5, именувана по античката кинеска божица на Месечината, ќе собере материјал од Месечината за да им помогне на научниците да дознаат повеќе за потеклото и формирањето на Месечината.
Доколку мисијата биде успешна, Кина ќе биде третата земја што ќе врати примероци од Месечината, по САД и Советскиот сојуз.
Вселенското летало се очекува да ги врати примероците на Земјата за 23 дена, т.е во средината на декември.
Кина годинава лансираше сонда кон Марс, а во 2022 година планира да има постојан човечки екипаж во вселената.
Поврзани артикли