Основачот на Tesla и SpaceX, Елон Маск го престигна Бил Гејтс и стана втората најбогата личност во светот само неколку недели откако го помина Марк Цукерберг.
Тоа значи дека само основачот на Amazon, Џеф Безос, е сега пред него во рангирањето. Во јануари тој се најде на 35. место на индексот на милијардери на Блумберг. Богатството на Маск се искачи откако неговата компанија за електрични автомобили Tesla беше избрана да се приклучи на S&P 500 индексот.
Благодарение на акциите на производителот на електромобили Тесла, што се накачија за 6,5 отсто, богатството на Маск за еден ден се зголеми за 7,2 милијарди долари. Од почетокот на годината, 49-годишникот е побогат за 100,3 милијарди долари.
Индексот на милијардери во Блумберг е дневно рангирање на најбогатите луѓе во светот. Со богатство од околу 182 милијарди долари, сопственикот на Амазон, Џеф Безос е на врвот на тој список.
Во меѓувреме, Гејтс неодамна стигна до 127,7 милијарди долари. Неговото богатство би било значително поголемо доколку тој не донира пари.
Сепак, Блумберг во своите проценки корист јавно достапни податоци, како што се акции, недвижнини, уметнички дела и други луксузни добра, освен паричните средства. За споредба, на списокот на милијардери на Форбс, Маск е на четвртото место со богатство од 110,5 милијарди долари.
Поврзани артикли