Американскиот милијадер Бил Гејтс, се произнесе со свои нови прогнози, за тоа што ќе следи по завршувањето на пандемијата со коронавирусот, пренесуваат светските медиуми.
Тој за „Бизнис инсајдер“, изјавил дека по пандемијата, ќе има 30% помалку канцелариска работа.
„По завршувањето на пандемијата со коронавирус, ќе има 50% помалку службени патувања, отколку што имаше пред ковид 19. Ќе се зголеми процентот на оние кои ќе работат од дома“, е прогнозата на еден од најбогатите луѓе на светот.
Основачот на „Мајкрософт“, смета дека фирмите ќе го подигнат прагот за деловни патувања, по здравствената криза, а дека приватните состаноци ќе се одржуваат, само во случај истите да се итни.
„Макрософт“ минатиот месец најави дека ќе ги откаже своите деловни летови по пандемијата, како и дека многу малку е веројатно, дека вработените во таа компанија, повторно ќе доаѓаат на раота и дека истите често ќе работат од дома.
Воведување на сличен хибриден модел, веќе најавија и другите технолошки компании, како што се „Твитер“ и „Фејсбук“.
Извор: Курир.рс
Поврзани артикли