Европската вселенска агенција одобри изградба на вселенскиот телескоп ARIEL (Atmospheric Remote-sensing Infrared Exoplanet Large-survey), што ќе служи за детално истражување на атмосферите на вонсоларните планети, кои кружат околу другите ѕвезди.
Мисијата ќе почне во 2029. година и ќе проба да одговори на прашањата: од што се состојат вонсоларните планети и како настанале? Астрофизичарите од универзитетот во Виена се заслужни за софтверот за позиционирање на телескопот и ќе учествува во научните подготовки за мисијата.
Позиционирањето на вселенскиот телескоп е од пресудно значење за мерењата што ги врши телескопот.
Вонсоларните планети не се гледаат, туку се откриваат така што ќе се воочи нивното гравитациско влијание на ѕвездите. Телескопот ќе има примарно огледало со должина од еден метар со спектрометар и фотометар. Овие уреди ќе ја анализираат видливата и инфрацрвена светлина и ќе ги детектираат минималните промени на сјајот на ѕвездите при пронаоѓањето вонсоларни планети пред нив.
Целта на собирање и анализирање на овие податоци е добивањето информации за хемискиот систем на атмосферите на вонзоларните планети и облаци што се наоѓаат во нивната атмосфера.
„Прв пат ќе можеме да ја објасниме динамичната атмосфера на планетите околу далечните ѕвезди, да ја испитаме можноста за живот на нив и на тој начин подобро да го сфатиме взаемниот однос помеѓу ѕвездите и нивните планети. Сигурни сме дека ќе откриеме нови видови планети со атмосфери кои не можат да се најдат во нашиот Сончев систем“, изјави Мануел Гидел од Институтит за астрофизика и еден од водечките истражувачи на мисијата.
Поврзани артикли