Вакцината против коронавирусот од Оксфорд разви силен имунолошки одговор кај луѓето во 60-те и 70-те години давајќи надеж дека може да им обезбеди добра заштита на најранливите групи.
Научниците што работат на вакцината рекоа дека резултатите од втората фаза клинички испитувања, спроведена врз 560 здрави доброволци, се охрабрувачки и дека сега работат на трета фаза, каде што се тестира дали вакцината може да спречи инфекција со коронавирус. Не се пријавени никакви несакани ефекти, наведува „Скај њуз“.
Светот одамна има најголеми очекувања од оксфордската вакцина, што ја развиваат научници од тој универзитет во соработка со компанијата „Астра зенека“. Во меѓувреме, тестовите беа прекинати поради фактот што некои учесници развија посериозни проблеми. Сепак, тестирањето сега продолжи.
Во меѓувреме, вакцините на американските компании „Фајзер“ и „Модерна“ почнаа со тестирање на третата фаза, а нивните први резултати ветуваат бидејќи покажуваат ефикасност поголема од 90 проценти и немаат посериозни несакани ефекти.
Поврзани артикли