Апликацијата Instagram на своите корисници им нуди нова можност.
Се работи за „поробусен“ алат за пребарување кој им е достапен на корисниицте во САД, Велика Британија, Канада, Ирска и уште некои земји, а кој овозможува барање на постови со користење на клучни зборови.
Претходно пребарувањето ги ограничуваше корисниците на пронаоѓање содржини преку хаштази и профили. Оние кои сакаат да добијат повеќе следачи, оваа промена добро ќе им дојде, бидејќи нема да мора да посветуваат посебно внимание на хаштазите под постовите.
Новиот алгоритам зема во обзир неколку фактори, вклучувајќи го времето кога некој го поделил постот, неговиот опис и фотографија или видео во постот. Исто така, се користи и машинско учење за да се испорача најквалитетна релевантна содржина.
Меѓутоа, пребарувањето на поимите „QAnon“ и „vaccines“ не е можна, а нема да се прикажува ни содржината врзана за американските полоитичари Џо Бајден и Доналд Трамп, освен нивните профили.