Руската федерална служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор „Россељхознадзор“ ја заврши фазата на претклинички испитувања на вакцина против коронавирус за животни, соопшти весникот „Ветеринарија и жизњ“, повикувајќи се на Иљја Чвала, заменик-директорот задолжен за научни истражувања на Федералниот центар за здравјето на животните.
„Ја завршивме фазата на претклинички испитувања. Прелиминарните испитувања се спроведени врз ласици. Ја одбравме најоптималната и најделотворната варијанта на вакцината“, рече Чвала, додавајќи дека не се откриени никакви нуспојави или компликации.
Како и вакцината за луѓето, и оваа вакцина се дава во две фази: се инјектира првата доза, а потоа следи втората, 21 ден подоцна, колку што е времето потребно телото на животното да развие максимален имунитет.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли