Европската комисија покрена правни битки против некои од најголемите имиња на Силиконската долина, доведувајќи го во прашање нивниот однос кон конкуренцијата, даночните аранжмани и заштитата на податоците.
Ројтерс избра неколку од најголемите антимонополски и регулаторни активности на ЕУ против технолошките гиганти.
Amazon
Европската комисија го обвини Amazon за кршење на правилата за еднаква конкуренција на пазарот на онлајн малопродажба и отвори истрага за сомневањата дека интернет гигантот користи податоци од независни трговци на мало, сместени на својата платформа, за поуспешно да им конкурира.
Во посебна истрага, комисијата ќе провери дали Amazon обезбедува повластен третман на своите понуди за малопродажба и на оние трговци што ги користат нејзините логистички услуги и услугите за испорака.
Од 2010 година и првата истрага, Европската унија зазема особено истакнато место меѓу регулаторите кои темелно ги испитуваат поплаките дека Google на „Алфабет“ ги крши правилата за конкуренција.
На популарниот пребарувач му се заканиле со казни во вкупна вредност од над 8,2 милијарди евра во три одделни случаи во последните три години.
Европската комисија го казни со 2,4 милијарди евра во 2017 година за фаворизирање на сопствениот сервис за споредба на цени на штета на помалите европски конкуренти.
Во 2018 година тој е казнет со рекордни 4,34 милијарди евра за користење на неговиот мобилен оперативен систем Android за блокирање на конкурентите.
Минатата година европските регулатори го казнија со 1,49 милијарди евра за злоупотреба на доминантната улога во рекламирањето преку Интернет.
Apple
Apple е под истрага за мобилниот систем за плаќање App Store и Apple Pay.
Истрагата е покрената по минатогодишната тужба од шведскиот сервис за стриминг на музика Spotify, кој тврди дека Apple неправедно ја ограничува конкуренцијата со сопствената услуга за стриминг на музика Apple Music.
Во март годинава, помал конкурент поднесе слична жалба во врска со е-книги и аудио книги.
Комесарот за конкуренција на ЕУ, Маргрет Вестагер, исто така, го стави Apple во центарот на европските напори да ги натера американските технолошки гиганти да плаќаат повисоки даноци. Во септември, таа ја обжали пресудата на Судот на правдата на ЕУ, со којa што се поништила нејзината одлука дека Apple мора да и плати данок на Ирска од 13 милијарди евра, во историскиот случај, како дел од борбата на Европската комисија против затајување данок.
Европската комисија во декември минатата година објави дека истражува како Facebook собира и монетизира податоци, со што се отвори нов фронт, по спроведената истрага за нејзината онлајн продавница.
Broadcom
Американскиот производител на чипови, Бродком, во октомври се согласи да ги раскине ексклузивните договори со производителите на ТВ и Интернет модеми, договорени со Комисијата, завршувајќи ја 12-месечната истрага и заклучувајќи дека не се пронајдени повреди.
Qualcomm
Qualcomm во февруари објави дека ЕУ истражува дали ги крши правилата на конкуренција, користејќи ја својата доминантна позиција на пазарот на модерни 5G чипови.
Во јули минатата година, Комисијата го казнила Qualcomm со 242 милиони евра за блокирање на конкуренција на пазарот пред десет години.
Во 2018 година му ја скратила казна од 997 милиони евра затоа што му платила на производителот на iPhone да ги користи само неговите чипови.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли