Motorola официјално го претстави Moto G 5G телефонот што спаѓа во средниот сегмент на пазарот и е најдостапен 5G модел на пазарот во Европа.
Motorola Moto G 5G е достапен во две варијанти, со 4GB RAM и 64GB простор за складирање, по цена од 300 евра и со 6GB RAM и 128GB простор за складирање, по цена од 350 евра.
Телефонот има 6,7-инчен FHD+ дисплеј (2400 x 1080p), со стапка на освежување на екранот од 60Hz. Го покренува Snapdragon 750G чипсет, кој обезбедува поддршка за 5G мрежи.
На полето на камерите, Moto G 5G има Samsung GM1 48MP главен сензор, 8MP ултрашитока камера, 2MP макро на задната страна, како и 16MP предна камера.
Moto G 5G користи 5000MAh батерија, со поддршка за 20W брзо полнење, а од старт го користи Android 10 софтверот.