На почетокот на 1960-те години, геологот со име Џек Оливер прв го документирал бранот познат како „микросеизам“.
Зошто планетата Земја пулсира на секои 26 секунди и зошто научниците тоа не можат да го објаснат ниту по 60 години?
Оваа енигма можеби е само сложен феномен, регуларен сеизмички бран предизвикан од сончевата енергија.
На почетокот на 1960-те години, геологот Џек Оливер прв го документирал бранот познат како „микросеизам“, наведува „Discovery Channel“.
Оливер, кој што во тоа време работел на Универзитетот во Колуби, слушнал врева, но немал потребни инструменти со кои што денеска сеизмолозите располагаат.
Оттогаш, научниците поминале многу време слушајќи го и набљудувајќи го пулсот, а со тоа се обидувале да откријат од каде тој потекнува.
Некои од истражувачите сметаат дека пулсот има некој вид прозаичен модел. Имено, на тлото на светските океани се наоѓаат и континентални гребени кои што делуваат како џиновски бранови кои што се прекршуваат.
Па, така научниците ги изнеле своите теории дека брановите го погодуваат тоа одредено место на континенталниот гребен во Гвинејскиот залив (Атлантски океан, југозападно од Африка), произведувајќи редовен пулс на Земјата.
Извор: Espreso.rs