Во Тунис со помош на 3D печатач е произведена бионичка рака, што ја користи соларната енергија
Дваесет и осум годишниот инженер Мохамед Дауфи запозна осумгодишно момче без раце и нозе во локалната болница во Тунис, и одлучи да му помогне. Момчето останало без екстремитетите поради струен удар.
Дауфи и неговите коелги почнаа да развиваат бионичка рака во рамките на стартапот Cure Bionics. Тимот со помош на 3D печатачи произведе бионичка рака, која за напојување ја користи соларната енергија. Раката е прилагодлива и може да се подесува како што расте детето. Протетичката рака ја контролираат и мускулите, така што хируршкиот процес за поврзување со човечкото тело воопшто не е потребен.
Инженерот го дизајнирал првиот прототип додека бил студент, а бионичката рака е се уште во развој. Сензорите ги детектираат движењата на мускулите, благодарение на софтвер базиран на AI технологија.
Cure Bionics им овозможува на корисниците да изберат боја, облик и дизајн на панелот на раката според нивните желби.
Поврзани артикли